ПРВА   ОБОИ ГО УСПЕХОТ!   КОНКУРС   ВЕСТИ   ОРГАНИЗАТОР   КОНТАКТ
2ра ФАЗА
КОНКУРС ФОРМУЛАРИ
СКИЦИ  
 

ИД Македонија во соработка со спoртските федерации на Република Македонија распишува Конкурс за избор на нов визуелен спортски иднетитет на државните репрезенатации.

Организатор на Конкурсот е ИД Македонија.

Предмет на Конкурсот е дизајн на уникатен македонски дрес.

Конкурсот е јавен и анонимен со право на учество на сите правни и физички лица со свои идејни решенија.

Конкурсот трае од 24 Март до 15 Април 2007 година.

Во идејните решенија треба да преовладуваат боите, културата, традицијата, фолклорот и историјата на Република Македонија .

Идејните решенија се доставуваат на булевар Теодосиј Гологанов бр 28/21, Скопје. Идејните решенија се доставуваат во затворени коверти и тоа во следниов редослед:

•  во коверт со назнака 1 треба да се достават скицата со аплицирано идејно решение и писмениот текст со објаснувањето за значењето и симболиката на својот предлог;

•  во коверт со назнака 2 треба да се достави потполнета апликација превземена од оваа веб страна;

•  во коверт број 3 (најголем по формат) се внесуваат ковертите број 1 и 2 со назнака за конкурс за МК СПОРТ ИД.

Идејните решенија треба да бидат аплицирани на скици кои можат да се превземат од веб страната www.mksportid.com.mk или од канцеларијата на ИД Македонија (булавар Теодосиј Гологанов бр 28/21 секој работен ден од 09:00 до 17:00 часот) .

Секој учесник на Конкурсот покрај приложување на скици со своето идејно решение, задолжително треба да достави и писмен текст со објаснување за значењето и симболиката на својот предлог.

Секој учесник на Конкурсот мора да ја потполни апликацијата за учество кои може да ја превземе од веб страната или од канцеларијата на ИД Македонија (булавар Теодосиј Гологанов бр 28/21 секој работен ден од 09:00 до 17:00 часот).

Изборот ќе се врши на следниов начин:
•  по завршување на Конкурсот, жири комисија ќе избере три решенија;
•  трите решенија избрани од жири комисија ќе се понудат на гласање и тоа во следниов сооднос:

•  преку смс 40%;

•  преку веб страна 20%;

•  жири комисија 40%;

Решенијата што жири комисијта ќе ги прифати како најдобри и кои ќе влезат во гласање за конечен избор (три решенија) по автоматизам авторските права се пренесуваат на организаторот на Конкурсот. Висината на надоместок за авторските права е следниот:
•  I место 1.000 евра;
•  II место 300 евра;
•  III место 200 евра;

Организаторот на Конкурсот секое пристигнато решение има право да го користи во свои активности.

Идејните решенија, кои не се доставени во утрдениот временски рок и кои не ги содржат бараните карактеристики се сметаат за нецелосни и нема да се земат за разгледување.

Добиените материјали на Конкурсот не се враќаат.

 
 
 
 
Copyright © 2007 ID Macedonia